Одземање на еден бод, 100 000 евра, два натпревари без публика и забрана за играње на Пољуд во продолжението од квалификацискиот циклус е казната за Хрватска од УЕФА за кукастиот крст на теренот на дуелот со Италија.
„Коцкастите“ со оваа одлука можат да бидат среќни бидејќи го избегнаа најлошото сценарио кое одеше до таму да бидат исфрлени од понатамошните квалификациски натпревари за Европското првенство во Франција.
Хрватска во квалификациите се соочува со трета казна од УЕФА. Првата им беше изречена на хрватите за немирите на навивачите на дуелот Италија – Хрватска 2014, а втората за расизам на мечот Хрватска – Норвешка.
Хрватската федерација нема право на жалба, суспензијата и паричната казна течат веднаш од донесувањето на одлуката.
Покрај одземањето на бодот хрватските фудбалери остануваат на првата позиција на табелата со 13 бодови пред второпласираната Италија со 12 поени и третопласираната Норвешка со 10.
Ohridnews