Европската фудбалска унија (УЕФА) потврди дека не постои никаква можност на Златан Ибрахимовиќ да му биде поништен црвениот картон кој го доби во средата на натпреварот со Челзи.


Ибрахимовиќ по стартот врз Оскар доби директен црвен картон во 31.минута, а по натпреварот и елиминацијата на неговиот тим, тренерот на Челзи Жозе Мурињо изјавил дека Ибрахимовиќ не ја заслужил суспензијата.

Ибрахимовиќ од друга страна го критикуваше судијата Бјорн Кујперс и дополнол дека не знае дали Оскар го одглумил фаулот.

„Се повлеков кога видов дека тој влегува во дуел. Не знам дали потоа глумеше, тоа сега не е важно. Најважно е дека се пласиравме во четвртфинлето, ќе видиме што ќе се случува понатаму“, рекол напаѓачот на ПСЖ.

„Макфакс“