Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално соопшти дека потпретседателот Анхел Марија Виљар, кој во Шпанија е уапсен поради корупција, поднел оставка на функцијата.
УЕФА наведе дека Виљар поднел оставка на местото потпретседател на УЕФА и член на извршниот комитет.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ја прифатил оставката и му се заблагодарил на долгогодишната работа во европскиот фудбал.
– Со оглед на тоа дека се води судска постапка во Шпанија, ние понатаму нема да коментираме. – стои во соопштението на УЕФА, пренесува „Макфакс“.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Анхел Марија Виљар, и неговиот син Горка, беа уапсени минатата недела под сомнение за неправилсности во управувањето со Сојузот, злоупотреба на средства, корупција и фалсификување документи.
OhridNews