Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја усвои молбата и желбата на Манчестер Јунајтед за дуелот со Ливерпул на Олд Трафорд во рамките од Лигата на Европа.
Првиот меч од англиската пресметка во 1/4 финалето ќе се одигра на Енфилд во 21:05 часот, а и реваншот седум подоцна во Манчестер ќе се одигра во истиот термин (21:05ч).
Токму тоа беше молбата на „црвените ѓаволи“ кои побараа и мечот на Олд Трафорд да се игра во вечерниот термин место во 19 часот односно 18 часот по англиско време.
На денот кога Јунајтед го пречекува Ливерпул празник е Сент Патрик, а работното време е до 18 часот по што не ќе можат подржувачите да стигнат до стадинот.
УЕФА им излезе во пресрет и најголемото англиско дерби на задоволство од сите ќе се одигра во вечерните термини.
OhridNews











