Европската куќа на фудбалот (УЕФА) јавно го крена гласот против Светската (ФИФА) пред изборот за нов претседател каде конкурираат актуелниот Сеп Блатер и јорданскиот принц Али бин ал Хусеин.


Првиот човек на УЕФА, Мишел Платини во интервју за Л`екип го поддржа јорданскиот принц – Блатер по секоја цена сака да остане на чело во ФИФА. Неговиот живот без местото во ФИФА е празно и се плаши од пораз. Ако тој воопшто го сака фудбалот треба веднаш сам да го напушти претседателското место во ФИФА.

Првично во трката за претседател на ФИФА имаше четири кандидати, но Луис Фиго и првиот човек на Холанската фудбалска федерација Михаел ван Праг се повлекоа и останаа Блатер и јорданскиот принц.

Изборот за нов претседател на ФИФА е на 29 мај во Цирих.

Мх.П.