Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес ќе ја соопшти одлуката за прекинатиот меч меѓу Србија – Албанија во квалификациите за Европското првенство во Франција.
Три члена комисија на УЕФА речиси десет дена ги разгледуваше снимките од прекинатиот натпревар, а клучен фактор е изјавата на делегатот по мечот.
Мечот во Белград беше прекинат во 41-та минута откако на стадионот долета „дрон“ со знаме од голема Албанија.
На теренот веднаш влегоа српските навивачи и се степаа со репрезентативците на Албанија.
Мх.П.