Раководството на Европската фудбалска федерација размислуваат за нови промени во системот на натпреварување во најмасовниот фудбалски куп во Европа.

Фудбалските работници во Нион подготвуваат систем сличен на Лигата на шампионите во кој би имало 12 групи со по 4 тима, а првите две екипи од секоја група би се пласирале во следната фаза.

Во моментов системот е базиран на систем од 8 групи со по 5 екипи, а пласман понатаму обезбедуваат 3 тима.