Дисциплинската комисија во УЕФА на 23 јули ќе ја соопшти одлуката за Хрватска која са најде на тапет поради кукастиот крст на Пољуд во Сплит на дуелот меѓу „коцкастите“ и „азурите“ во Евроквалификациите.


Еден месец претходно УЕФА отвори постапка против Хрватската фудбалска федерација, која мечот со Италија го организираше пред празни трибини поради суспензија.

Хрватска која се гони за расизам се соочува со парична казна и одземање на бодови што ќе биде фатално за „коцкастите“ во групата од квалификациите за ЕП во Франција.

Дисциплинците во УЕФА во овие квалификациите имаат полни раце работа. Претходно го решаваа случајот „дрон“ на дуелот Србија – Албанија кој беше прекинат и регистриран во корист на „орлите“.

Мх.П.