Европската куќа на фудбалот (УЕФА) одлучи прекинатиот натпревар Србија и Албанија да се преигра на неутрален терен, од првата минута и без навивачи на стадионот.
Оваа информација ја пренесуваат српските медиуми, според кои УЕФА се одлучила на ваква постапка бидејќи службена победа би била награда, а не казна.
Натпреварот беше прекинат откако на теренот со беспилотно летало долета знаме од „Голема Албанија“ што иницираше хаос и влегување на навивачи од Србија. УЕФА дополнително ќе го објави датумот на кој ќе се одигра мечот меѓу Србија и Албанија.
Српските медиуми оваа информација ја лиферуваа пред УЕФА да донесе конечна одлука која ќе ја соопшти на 23 октомври.
Мх.П.