Европската куќа на фудбалот (УЕФА) му изрече парична казна на Фенербахче за непочитување на финансискиот фер плеј.
Турскиот клуб на сметката од УЕФА ќе мора да уплати 7,5 милиони евра, а покрај парична ќе има и други санкции.
Следната сезона Фенербахче за натпреварувањата под капата на УЕФА ќе може да регистрира само 22 фудбалери без можност за промена.
Фенербахче е трет клуб од Турција кој добива казна од УЕФА за нарушување на финансискиоте фер плеј.
Претходно, забрана за настап во УЕФА доби Галатасарај, а парична казна заработи Астана.
OhridNews