Среќните лица кои беа извлечени во случајниот избор на УЕФА ги добија на домашна адреса билетите за престојниот меч помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во рамките од Супер купот на Европа.
Аплицирањето за билетите за натпреварот, кој ќе се одигра во Скопје исклучиво беше на интернет со оставање на лични податоци, со што се намалува можноста за манипулирање и фалсификување.
Во извлекувањето граѓаните на Македонија немаа предност, но сепак голем дел од добитниците доаѓаат токму од нашата земја или од просторите на Балканот.
Натпреварот кој ќе се одигра во Скопје е еден од најаткративните во историјата на Супер купот, бидејќи и двата клуба се меѓу најдобрите во светот.
OhridNews