Европската куќа на фудбалот (УЕФА) покрена постапка за истрага за инцидентите кои се случија на мечот Србија – Албанија во квалификациите за ЕП во Франција.
Постапката ќе се води против фудбалските федерации на Србија и Албанија кои се директно вмешани за прекинатот меч вторникот во Белград.
Двете федерации имаат време до следниот четврток да се изјаснат за инцидентот, кој беше топ тема во сите светски медиуми.
Се очекува УЕФА одлука да донесе една недела по комплетирање на сите документи и извештаи кои треба да пристигнат од Србија и Албанија.
Мх.П.