Европската куќа на фудбалот (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црна Гора и Русија за прекинатиот натпревар во петокот во рамките од квалификациите за Европското првенство во Франција.


Мечот при резултат 0-0 во 67-та минута беше прекинат откако од трибините со тврд предмет беше погододен Дмитри Комбаров.

Претходно со бакља директно во главата беше погоден голманот Игор Акинфеев, кој со сериозни повреди заврши во болница.

Црна Гора на тапет од УЕФА е за лошата организација на мечот, а против двете селекции е покрената постапка поради бакљите и петардите од навивачите.

Руската фудбалска федерација веднаш испрати писмо во УЕФА во кое бара мечот да се регистрира со службени 3-0 за „зборнајата“ поради немање оптимални услови за игра.

Мх.П.