Дисциплинската комисија на УЕФА повторно удри по џебот на македонскиот фудбалски првак, Вардар казнувајќи го со 22 000 евра за пропусти на мечот со Копенхаген во Скопје.
„Црвено црните“ на тапет од специјалниот делагат беа под четити точки, и тоа седење на скали и попречување на движење на публика, употреба на пиротехнички средства, вадење на националистички знамиња на јужната трибина во блок број 4 (фронт и неонацистички крст).
Вардар прв пат парично казнет со 55 000 евра од УЕФА беше за слаба организација на дуелот со Малме кој се одигра на стадионот Младост во Струмица.
OhridNews