Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на ждребката за групите во Лигата на Шампиони го презентерираше новиот формат кој во сила ќе стапи од сезоната 2018/19.
Четирите водечки лиги Шпанија, Германија, Италија и Англија од сезоната 2018/19 ќе имаат загарантирано по четири преставници во ЛШ.
Екипите од најдобрите четири лиги во Европа нема да играат квалификации како до сега, кога четвртопласираната или третопласираната низ квалификации обезбедуваше пласман во ЛШ.
На пример, годинава Серија А има два свои преставници во ЛШ, откако Рома во последниот бараж двомеч доживеа елиминација од Порто.
Овој потег на УЕФА не е во корист на послабите лиги и помалите екипи бидејќи половина од екипите учесници во групната фаза во ЛШ ќе ги даваат тимовите од четирите најдобри лиги.
OhridNews