Европската куќа на фудбалот (УЕФА) им одреди условна казна од две години на Лион и Бешикташ за нередите на трибините во првиот меч од 1/4 финалето во Лигата на Европа.
Навивачите од двете екипи приредија незапамтен хаос на трибините кој за многу брзо се прошири и на теренот. Млади дечиња и невини луѓе настрадаа, а за среќа немаше поголеми последици.
Лион и Бешикташ исто така се финансиски казнети со 100 000 евра. Французите поради лоша организација, додека турците за палење на пиротехнички средства и иницирање на инцидент.
Натпреварот се одигра со задоцнување од еден час, а победи Лион со 2-1. Реванш натпревари се играат вечерва, а турците најавија големо обезбедување за да не се повторат сцените од Лиoн.
OhridNews