– Таму за среќа сеуште стои гробот на Синан Челеби, кој претставува важна историска личност, основополжник на вакафот на Синан Челеби, кој има историски придонес за граѓаните без оглед на национална или верска припадност. Минатата година, после години борба со бирократските препреки и залажување, беа реставрирани гробот и турбето од страна на владината Агенција за соработка и кординација на Турција, а потоа и свечено отворени.Во светот не постои ниеден пример каде се наплаќа влез за молитва или посета на исламски објект од типот на џамија, турбе, мавзолеј. Лицата кои наплаќаат влез во локалитетот Имарет како што кажуваат тоа го прават со наредба на Дебарско Кичевската Епархија. Се прашуваме од каде одговорните на светата епархијата добиваат право за наплата на влез во локалитет каде постои објект/турбе/погребно место, за кој е надлежна Исламската Верска Заедница на Македонија, велат од НВО „УФУК“.
Оттаму, бараат под итно да се најде решение за луѓето кои сакаат да го посетат турбето/погребното место на Синан Челеби и ги повикуваат надлежните институции, во најскоро време да го решат проблемот. При тоа, ги повикуваат граѓаните кои ќе го посетат турбето, да не плаќаат за влез.
– Ако за брзо време не се најде решение, ќе покренеме законска постапка пред надлежните органи во државата и од меѓународната заедница, наведуваат од УФУК.