Во каналот Студенчишта повторно е забележано угинување на плашицата, која тука презимува. Помала количина мртва риба плута на површината од водата помеѓу пловните објекти кои се закотвени за брегот.

 

Причина за угинувањето на плашицата е големата популација на овој вид риба оваа зима во каналот и недостиг на кислород во водата.

Во ноември минатата година имаше значително угинување на плашица од наведените причини. Тогаш надлежните интервенираа со дотур на свежа вода во каналот, со што беше спречена поголема еколошка катастрофа.

Ескспертите од хидробиолошкиот завод тогаш сугерираа дека е потребно чистење и продлабочување на каналот, кој е претворен во вистински отпад за стари пловни објекти

OhridNews