Во мартовското издание во специјална едиција посветена на земјава, угледниот светски магазин „Форбс“ пишува за македонската традиција, културни и историски вредности, додека Македонија ја споредува со познатиот бисер од Охрид, јавува „Лидер“.

Покрај најновиот извештај на Светската банка за глобалните економски перспективи објавени во јануари оваа година и кусиот разговор со министерот за надворешни работи од земјава, Никола Попоски, „Форбс“ за Охрид пишува дека е бисер на Балканот, кој се наоѓа на брегот од Охридското Езеро.

„Историскиот град Охрид, на пример, кој се наоѓа на на брегот на Охридското Езеро и е опкружен со планини, е исто така убав како најпознатите алпски пејзажи. Градот  и езерото се едни од 28 – те во светот на листата на УНЕСКО за заштита на културното наследство.“ – се вели во статијата на „Форбс“.

Во истата, не се одминати ниту занаетчиите, односно оние кои го произведуваат познатиот охридски бисер.

„Ова чудо од школки е рачно изработено со ултра тенок слој на емулзија од клушките на локалната риба Плашица. Две фамилии Талеви и Филеви го произведуваат единствениот и вистинскиот Охридски бисер , креирајќи гердани, обетки скапоцени камења носено од страна на членови на кралски семејства и звезди.“ – пишува „Форбс“.

OhridNews

извор: „Лидер“