Група млади од околу 10 лица, момчиња и девојчиња, деновиве измамиле неколку угостителски објекти во градот. Тие најпрвин јаделе и пиеле, по што девојките и дел од момчињата заминувале, а останатите за да не бидат сомнителни принарачувале, по што со трчање се давале во бегство. Оштетен угостител по трка со дрските измамници не успеал да фати некој од нив но затоа биле забележани од безбедносните камери.

Случаите се пријавени во охридската полиција на која и биле предадени видео и фото доказите и која трага по измамниците. Оштетените угостители со јавната објава на дел од измамниците ги предупредуваат колегите да бидат внимателни особено сега во туристичкиот шпиц кога бројот на гости е исклучително голем, а зголемени се и девијантните појави.

OhridNews