Комисијата за заразни болести на денешниот состанок даде препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Комисијата препорача работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, да продолжи да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите и да не се менува работното време на угостителските објекти и тие да продолжат да работат до 21 часот.
Во овој момент, здравствената ситуација со Ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките. Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати, посочуваат од Министерството за здравство.
OhridNews