Извесно време низ охридската чаршија кружат муабети дека нешто се случува во центарот на градот, покрај кејот. Екипата на OhridNews тргна да ги провери овие гласини, кои се покажаа вистинити.

Во комплексот на хотелот „Ројал“, затекнавме еден поинаков угостителски објект, со модерен и трендовски стил каков што до сега не сме виделе во Охрид и во државата. Љубопитно ѕирнавме во внатрешноста и успеавме да дознаеме дека новиот концептуално уреден угостителски објект, ќе биде отворен утре (петок) во 15 часот, и дека понудата ќе биде уникатна и сосема поинаква од таа на која сме навикнале кај нас. Амбиентот исто така.

Бевме упорни да дознаеме нешто повеќе, но келнерот кој очекувавме да го видиме, не се појави. Се што успеавме да начуеме беше: квалитет, светски стандарди, социјализација. Секако премалку за да ја задоволиме нашата, но и љубопитноста на охриѓани. Очигледно ќе мора да наминеме да доистражиме за што се работи тука во петок, 4-ти мај, од 15 часот, кога ќе биде отворен „мистериозниот“ угостителски објект, кој дискретно се подготвуваше изминатиот период.

OhridNews