Цените на угостителските услуги во мај во споредба со април 2012 година, биле пониски за 0,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, намалување има во групите Алкохолни пијалаци за 0,6% и Безалкохолни пијалаци за 0,8%, додека кај Ноќевања е забележано зголемување за 0,2%.

Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на истиот месец лани биле повисоки за 0,8%.

Во периодот јануари-мај 2012 година во однос на истиот период од минатата година, угоститетлските услуги биле поевтини за 0,5, а во однос на декември 2011 повисоки за 0,2 отсто.

OhridNews