Реконструираниот тим на Струга во поголемиот дел од мечот успешно им парираше на охриѓани, но на крајот мораше да подаде рака и да ја признае победата. Тимот има нов лик кој допрва во лигата ќе треба го покаже своето вистинско лице.


Екипата е се уште “тешка“ , работевме повеќе на физички план, многу малку на техничко тактички план. По овој меч постепено ќе влеземе во натпреварувачка форма. Ме радува што салата беше исполнета и имаше коректна спортска атмосфера – рече стратегот на стружани.

Претседателот на струшкиот клуб, беше задоволен од приемот и текот на мечот и посака секаде да се игра ваков ракомет.

–    Атмосферата ги понесе децата, натпреварот беше коректен, амбиентот беше прекрасен, и во еден суперлигашки натпревар победи подобриот тим,  – потенцираше претседателот на струшкиот клуб Наум Угриновиќ.

На стартот на пролетниот дел Струга им гостува на Зомимак во Струмица.

М.П.