Како што соопшти Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во чиј состав се наоѓа Упрвата, во изминатите три дена интензивно се следела состојбата со градоносните облаци и на 8. јуни Управата интервенирала со 24 противградобијни ракети додека на 9 јуни, кога од силно невреме беше зафатен и охридскиот регион, поради авионскиот сообраќај не била во можност да делува.
Од Министерството посочуваат дека употребата на противградобијните ракети е забранета во градските подрачја како и дека делувањето зависи од дозволата од контролата на летање и од авионскиот сообраќај.