Метеоролозите за денес предвидуваат променливо облачно и нестабилно време  со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Управата за хидрометеоролошки работи најави дека промената на временската состојба ќе настапи уште во текот на ноќта.

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 26 степени Целзиусови, а УВ индексот на зрачење ќе изнесува 6.


Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошкиот завод, променливо време ќе преовладува и во деновите на викендот.

Поради појавата на локално невреме, УХМР советува во случај на
електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени
дрвја.

OhridNews