Универзитетот за информатички науки и технологии ,,Св. Апостол Павле” – Охрид и Високата школа за новинарство и односи со јавноста, во текот на вчерашниот ден потпишаа соработка со која што се предвидува заедничко дејствување во областа на академските истражувања и високото образование.

Инаку, договорот кој беше постигнат меѓу двете високобразовни институции, ќе биде насочен кон промоција на општествената одговорност преку развивање можности за стипендирање на студентите, односно нивно професионално усовршување во индустријата.
OhridNews











