Во тек е постапката за доградба на објектот во кој се наоѓа седиштето и работните простории на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

Како што информираа од минситерството за образование, завршен е првиот дел од постапката и во моментов се врши разгледување на пристигнатите понуди по што точно ќе се знае кога ќе започнат градежните зафати.

 

–    Се надеваме дека успешно ќе заврши целата постапка, во тек е евалуацијата на понудите со што ќе овозможиме овој објект да се догради, рече министерот за образование Панче Кралев при својата посета на универзитетот.

Планираната реконструкција на дел од охридската касарна за потребите на универзитетот  ќе се реализира идната година, за што во тек е подготовката на проектната документација.

– Првенствено целта е да се изврши доградбата на постојниот објект во кој е сместен универзитетот , додаде министерот Кралев.

Потребите за проширување на просторниот капацитет се зголемуваат со зголемувањето на бројот на запишани студенти во оваа високообразовна институција. Како што неодамна беше потенцирано, интересот за запишување на студенти во новата академска година е во пораст.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид годинава беа предвидени 300 слободни места, од кои 220 за редовни студенти во државна квота и 80 слободни места за квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите. 

Првиот уписен рок на овој универзитет се оддржа на 16-ти 17 август, вториот е на 3-ти и 4 септември и третиот на 15-ти идниот месец.

Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” во Охрид, како најмлад  јавен универзитет во Република Македонија, единствен специјализиран универзитет во областа на информатичките науки и техногии во земјата и пошироко, го потврди својот квалитет и со постигнувањето на високото петто место во рамки на Шангајската листа за рангирање на високо образовните институции во Република Македонија.

Т. К.