Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ од Охрид со дебата го одбележа 8-ми Март, Интернационалниот ден на жената.
Учесниците на дебатата проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, проф. д-р Јованка Дамоска Секулоска, проф. д-р Анета Велкоска, проф. д-р Дијана Цапеска Богатиноска како и студентките Ана Алексова и Рахела Бушиноска зборуваа за жените кои ги инспирирале, позицијата и улогата на жените во дигиталното општество, информираат од УИНТ.
Беа истакнати предностите за присуството на жените во информатичките науки и технологии, но беа дискутирани и разликите во стапките на учество на жените и мажите на пазарот на труд.
Дебатата беше модерирана од страна на доц. д-р Мерсиха Исмајлоска.
OhridNews