Во рамките на обележувањето на Светскиот ден за елиминација на насилството врз жените, Обединетите нации оваа година кампањата ја проширија на 15 дена, почнувајќи од 25 ноември до 10 декември.
За таа цел Сороптимист клубот од Струга и Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, во овој временски период организираат серија презентации и трибини на темата.
Една од презентациите за елиминација на насилството врз жените беше денес одржана и на УИНТ „Св. Апостол Павле“, со што институцијата зема активно учество во облежувањето на овој ден. Презентацијата ја одржа м-р Катерина Василеска, во присуство на студентите и академскиот кадар на УИНТ, која ги пренесе основните информации што всушност претставува насилството, како тоа да се препознае и како да се реагира кога ќе се воочи.
УИНТ како институција е поддржувач и иницијатор на разни проекти во областа општествената одговорност и социјално чувствителните теми.
OhridNews