Со укинувањето на примената на адвокатските маркички, од 13 јуни 2013 година за адвокатите отпочнуваат да важат обврските предвидени со Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

Адвокати кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува по банкарски пат, должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет, односно услуга / правна помош.

 Адвокатот е должен, на видно место, да постави соопштение со кое го информира корисникот на услуга / правна помош за неговата обврска да бара фискална сметка.

OhridNews