Врз основа на Програмата за волонтирање во Управата за јавни приходи за 2014 година и одлуката за ангажирање на волонтери–студенти, Управата за јавни приходи објави Јавен повик за аплицирање на кандидати-студенти за волонтирање во рамки на нејзините служби.
Според огласот, на ниво на Република Македонија планирано е да се примат вкупно 30 волонтери, од кои еден волонтер во Даночното одделение во Охрид.
На огласот можат да се пријават заинтересирани кандидати-студенти кои се уште немаат дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат од областа на општествените и хуманистичките науки, техничко–технолошките науки и природно–математичките науки.
Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од 15 јуни до 15 септември 2014 година, во просториите на организациската единица на УЈП. Заинтересираните кандидати потребно е да приложат уредна документација која треба да содржи: Потврда за статусот на студент и Писмо за интерес со кратка биографија и податоци за контакт.
Рокот за доставување на документите изнесува три работни дена сметано од денот на објавување на јавниот повик на интернет страницата на УЈП, заклучно со 10.06.2014 година.
OhridNews