Заради навремено усогласување со новите трендови во даночното работење, од УЈП со препорака до сите даночни обврзници (правни лица и вршители на дејност) да се регистрираат на системот на https://etax-fl.ujp.gov.mk/, ако не го сториле тоа досега.

– Електронските даночни услуги Ви овозможуваат да го намалите времето и трошоците потребни за поднесување на даночните формулари; во секој момент да имате увид за состојбата на даночните плаќања и долгови евидентирани во УЈП…и најважно да ги запазите законските рокови за пријавување на данок преку користење не електронскиот систем кој Ви е на располагање он-лине 24 /7, велат од Управата за јавни приходи.

Покрај познатите предуслови (Интернет и е-Пошта), задолжителен предуслов за да може да се користат е-Даноците е да се поседува Дигитален сертификат на УСБ токен (издаден од овластена куќа). Доколку веќе се поседува токен за користење на електронските услуги на некои други институции и банки во Македонија, истиот може да се употребува и за е-Даноци, но само доколку е издаден од овластена куќа. Дигиталниот сертификат на УСБ токен е неопходен за електронско потпишување на формуларите кои ќесе поднесуваат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/

OhridNews