Вкупно 3509 должиници на данок се евидентирани на списокот на официјална интернет страна на Управата за јавни приходи.
Станува збор за долгови доспеани до 28.02.2014 и неплатени до 31.05.2014 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност, односно повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
OhridNews