Тримесечните ДДВ обврзници имаат уште еден месец да се регистрираат на е-Даноци. Од 1 јули имаат законска обврска, наместо во хартиена форма, ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат.
– За за успешна регистрација и користење на интернет сервисот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, фирмите треба да поседуваат: Дигитален сертификат на УСБ токен (издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС); Интернет конекција; е-Пошта (валидна и иста со онаа која се води во Централниот регистар на РМ), потсетуваат од УЈП.

Оттаму со апел до даночните обврзници- навреме да ги преземат неопходните чекори и да се прилагодат на новините во даночното работење, бидејќи во спротивно нема да бидат во состојба да поднесат даночни пријави и да пријават данок во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противвредност.

OhridNews