Фирмите кои организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска најдоцна до крајот на месецот, да поднесат Годишен извештај, во кој треба да се пријави кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2012 година.

Образецот “ПДД/ГИ-ЗП” може да се преземе преку веб страницата на УЈП.

Пополнетиот „Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари“, организаторот на зелениот пазар треба да го достави до даночните канцеларии на УЈП (според седиштето на даночниот обврзник/организатор на зелен пазар) или по електронски пат преку е-даноци, најдоцна до 31 јануари 2013 година, кога и истекува законскиот рок за завршување на оваа обврска.

Доколку до 31 јануари, организаторот на зелениот пазар не поднесе Годишен извештај (образец “ПДД/ГИ-ЗП”), законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност.

OhridNews