Охридските сметководителите кои сакаат да научат нешто повеќе за Регистрација, дерегистрација и измена на даночен период за цели на ДДВ ќе може да бидат дел од обуката што ќе се одржи денеска на 22-ри јануари 2016 година, во Даночното одделение во Охрид.
На бесплатната обука која ја организира Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија ќе бидат разгледани и теми од актуелни настани кои се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење. Сите заинтересирани кои сакаа да земат учество на оваа обука требаше да се пријават кај организаторот најмалку два дена пред нејзиното одржување.
Управата за Јавни приходи во Даночното одделение во Охрид во текот на изминатиот период организираше Обука за регистрација и паушално оданочување за охридските земјоделци.
OhridNews