Во рамки на големата акција која се спроведува на територија на целата држава, Управата за јавни приходи, викендов, воочила неправилности кај 9 деловни субјекти во Струга кои се санкционирани.

Неиздавање на фискални сметки инспекциските служби регистрирале и во Свети Николе (7), Дебар (7) и Кривогаштани (2) , каде мобилните екипи на УЈП извршија контроли. Од 25 деловни објекти со неправилности, два воопшто не поседувале фискална опрема. 

УЈП соопшти дека и покрај најавените контроли за време на викендите и во вечерните часови, некои од обврзниците воопшто не издаваат фискални сметки во периодите надвор од работното време на администрацијата. 

OhridNews