Истекува рокот  во кој обврзниците задолжително треба да се регистрираат на новиот систем за е- Даноци, кој истекува на 31- ви декември 2012 година.  Во спротивно обрзниците нема да можат да ги користат електронските услуги на УЈП и навремено да пријават данок.

Како што е познато, сите месечни ДДВ обврзници, почнувајќи од 1 јануари 2013 година, имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци

Покрај познатите предуслуви (Интернет и е-Пошта), задолжителен предуслов за да можете да се користат  е-Даноци од 1 јануари 2013 година е оврзниците да поседуваат Дигитален сертификат на УСБ токен издаден од овластена куќа (Македонски Телеком или КИБС). Доколку веќе поседуваат токен за користење на електронските услуги на некои други институции и банки во Македонија, истиот можете да се употребува и за е-Даноци, но само доколку е издаден од овластена куќа.

УЈП апелира фирмите да не го чекаат последниот рок и навреме да се прилагодат и да ги  користат придобивките од електронската комуникација и поднесување на даночни пријави и други обрасци до УЈП.

OhridNews