Управата за јавни приходи (УЈП) ги повика правните лица и граѓаните да го платат долгот за радиодифузна такса, во спротивно најавуваaт присилна наплата на заостанатите долгови.

Од УЈП информираат дека дополнителна причина за уплата на заостанатите обврски е што спроведувањето на постапката за присилна наплата повлекува и дополнителни трошоци кои паѓаат на товар на обврзникот.

„Доколку во наведениот рок, правните лица и граѓаните не извршат уплата, вкупниот долг ќе се зголеми за еднократна посебна такса за присилна наплата во висина од 5% согласно член 131 став 2 од Законот за даночната постапка”, се вели во соопштението од УЈП.

OhridNews
Извор: Макфакс