Управата за јавни приходи има потреба од ангажирање на волонтери, поради што се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти кои немаат се уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат од областа на природно – математичките науки, техничко – технолошките науки, општествените и хуманистичките науки, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Управата за јавни приходи и нејзините внатрешни организациски единици во повеќе градови, меѓу кои и за во Даночното одделение во Охрид.
Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од 15 јуни до 15 септември 2013 година, во просториите и во местото кое е седиште на организациската единица на УЈП.
Рокот за доставување на документите е заклучно 12.06.2013 година (среда).
По истек на рокот за доставување на документи, селекцијата на кандидатите кои доставиле уредна документација ќе ја врши Секторот за човечки ресурси врз основа на доставените документи, а по потреба и со дополнително повикување на интервју во просториите на УЈП.
Избраните кандидати ќе бидат повикани да склучат Договор за волонтирање во УЈП.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски...
Утре, 19-ти јули, во 19:30 часот во Ликвид кафе, стариот дел на Охрид, во организација на издавачката куќа ТЕМПЛУМ, ќе се одржи промоција на две нови книги, низ средба на две македонски авторки Пре...
Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ доби вредна донација во медицинска опрема и апарати обезбедена од Швајцарија, со посредство на градоначалникот на Општина Охрид, К...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.