Мобилните екипи на Управата за јавни приходи (УЈП) ќе вршат засилени контроли за фискализација во летниот период, посебно за времетраењето на светското фудбалско првенство и летните манифестации кои ќе се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегегистрирање на готовинскиот промет, јавува „Макфакс“.

Од УЈП апелираат обврзниците да го регистрираат прометот и да издаваат фискални сметки, со цел објектите да не им бидат затворени, а со тоа и да не можат да вршат дејност посебно во овој период кога се очекува зголемување на прометот.

Инаку, даночниците од вчера започнаа со засилени контроли во гевгелискиот регион, каде поради откриени неправилности во финансиското работење запечатени се осум објекти. Исто така, затворени се и два објекти во Кавадарци и еден во Неготино во период од 15 дена, а на фирмите и одговорните лица изречена им е глоба во износ од 3250 евра во денарска противвредност.

OhridNews

„Макфакс“

даночниците

даночниците