Од Април 2014 година, Управата за јавни приходи воведе новина и можност даночните обврзници побрзо да го добијат бараното уверение и потврда. Наместо лично на шалтерите во УЈП, фирмите и граѓаните регистрирани на системот е-Даноци ќе имаат можност барањето да го поднесат електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk .
Електронски може да се поднесат барања за издавање на уверение за платени даноци и придонеси; за уверение за остварени приходи и за потврда за состојбата со неплатени даноци и придонеси
Оваа услуга во моментот може да ја користат 72.350 фирми и 11.549 граѓани, односно вкупно 83.899 даночни обврзници кои се веќе регистрирани на е-Даноци.
Откако фирмата, односно граѓанинот, ќе го поднесе електронското барање преку е-Даноци, УЈП веднаш го проверува и доколку е уредно, преку системот е-Даноци ќе го издаде бараното Уверение односно Потврда во електронска форма. Во случај на евентуалните формални недостатоци на барањето, системот е-Даноци ќе го извести подносителот преку е-пошта да го комплетира барањето.
OhridNews