При даночни контроли спроведени во повеќе градови низ Македонија, УЈП затвори 93 објекти. Кај сите нив  биле регистрирани неправилности во работењето.

-И покрај постојаните апели на УЈП – даночните обврзници да ги регистрираат готовинските плаќања и да ја водат финансиската евиденција на начин како што е предвидено со позитивните прописи, во изминатиот период даночните контроли утврдија дека во 93 случаи фирмите се обиделе да го заобиколат законот, информираат од УЈП.

Поради сторен прекршок, на сите обврзници кој постапиле спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, изречена им е парична глоба која се движи до 3250 евра во денарска противредност, како и времена мерка за забрана на вршење на дејност од 15 дена, односно 30 дена.

OhridNews