Според последните информации од терен, даночните контролори од Управата за јавни приходи затвориле 40 деловни објекти од кои најголемиот број во Струга и струшко.
Поради утврдени неправилности во работењето, парична глоба во противвредност на 3.250 евра и мерка за времена забрана за вршење на дејност од 15 дена им е изречена на даночни обврзници во Струга, селата Лабуништа, Радожда, Враништа.
Од УЈП потенцираат дека и покрај постојаните апели од управата до даночните обврзници да издаваат фискални сметки и да го регистрираат прометот, некои од даночните обврзници продолжуваат да го заобиколуваат законот.
Од Управата за јавни приходи информираат дека големата акција во делот на фискализацијата продолжува и во наредниот период.
OhridNews