16 даночни обврзници од охридско заработиле казни од 1.500 евра за неправилности во фискализацијата во текот на 2009 година.

Поради тоа што 15 од нив одбиле да ја платат казната, УЈП им ги  затворила деловните објекти, а им била поднесена и прекршочна пријава до Комисијата за прекршоци.

Причината за изрекување на глобата на 6 од овие обврзници е тоа што немале фискален апарат, а 10 од нив не ја употребувале постоечката фискална каса. Овие неправилности УЈП ги  утврдила во рамките на 137 контроли за фискализација, кои биле извршени над вкупно 120 обврзници од Охрид.

Ohridnews