Англискиот премиерлигаш Њукасл го назначи Стив Брус за нов менаџер. Искусниот англиски стратег на клупата од „страчките“ доаѓа на местото од Рафаел Бенитез, кој го напушти клубот и замина во Кина прифаќајќи богата финансиска понуда.

Брус кој е роден во Њукасл прв ќе го предводи од матичниот град. 58-годишниот стратег има големо искуство во Премиер лигата водејќи ги Виган, Кристал Палас, Бирмингем, Сандерленд и Хул.

  • Многу сум среќен и почестен што ќе бидам тренер на Њукасл. Ова е мојот сон, ова е клубот од мојот татко. Специјален момент за мене но и за цела моја фамилија. Пред мене и клубот е голем предизвик. Ние сме подготвени за работа. – изјави Брус.

После назначувањето на менаџер Њукасл може комплетно да се насочи кон доведување на нови играчи кои ќе му помогнат клубот најпрво да опстане а потоа да се бори за нешто повеќе во Премиер лигата.

OhridNews