Врнежи од снег се бележат на сите планински превои. На патниот правец Гостивар-Кичево е укината забраната за тешки товарни возила, додека на правецот од Кичево кон Гостивар забраната сеуште трае. На патниот правец Маврово-Дебар од 09:30 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила. Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. На делниците низ клисурите и на повеќето мостови долж речните текови има појава на утринска магла и се препорачува прилагодена брзина на движење. Поради ниските утрински температури на повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица.