
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Железнец, Крива Паланка, Страцин, Кула, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Павлешенци, Дебар и Прилеп.
Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибање сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.
Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Шипковица – Попова Шапка е намалена на 30-40 метри.
OhridNews











