ЈП Водовод Охрид ги известува жителите во и околу мерно место ресторан „Панорама“ – Охрид дека се укинува забраната за пиење на вода.

По добиените резултати од повторената анализа на водата за пиење во и околу мерно место ресторан „Панорама“- Охрид направена од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид, потврдено е дека водата е исправна за пиење, велат од претпријатието.

Од претпријатието вчера попладне информираа дека укината е забраната за пиење вода во и околу мерно место ОУ„Христо Узунов“ Охрид по добиените резултати од повторената анализа на водата направена од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид со кои е потврдено дека водата е исправна за пиење.

OhridNews